Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош, Оливер Зафировски испрати пораки за Светскиот ден на срцето. тој порача дека треба да се грижиме за нашето здравје.
-Денеска на 29 септември, се одбележува Светскиот ден на срцето. Срцевото здравје е „срцето“ на целокупното здравје. Грижата за сопственото срце значи водење на здрав начин на живот и одржување на здравјето; тоа подразбира здрава исхрана, соодветна физичка активност, избегнување на никотин и откажување од цигари, но и со редовни прегледи.
Тоа не се само работи кои не прават поздрави, туку исто така прават да се чувствуваме добро и способни да уживаме целосно во животот. Чувајте го срцето, напиша на Фејсбук Зафировски.