
Касета со снимка од интервју со Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно и еднаш никогап необјавена песна снимена во текот на нивната посета на Данска во 1970 година, е продадна во вторникот на наддавање во Копенхаген за 58.300 американски долари.
Касетата, на којашто е и снимката на необјавената песна „Radio Peace“, ја снимиле на 5-ти јануари 1970 година четворица шеснасетгодишни дански ученици кои успеале да добијат интервју со славната двојка за нивниот училишен весник.
Почетната цена за касетата кои четворицата пораншни соученици ја понудиле на продажба заедно со форографии од средбадата, изнесувала 100.000 дански круни. Пред акуцијата вредноста на понудениот пакет била проценета на меѓу 200.000 и 300.000 дански круни, односно 31.500 до 47.000 долари.
Името на купувачот засега не е објавено.
Во текот на 33-минутната снимка, Ленон зборува за мировната кампања која ја водеа тогаш тој и Јоко, за својата фрустрација од имиџот на неговиот тогаш веќе минат бенд Beatles.
На снимката може да се слушне и како Ленон и Оно, танцувајќи околу елката пеат божикни песни, како Ленон свири на гитара, и како сите заедно ги пеат песните „Give Peace a Chance“ и „Radio Peace“.