Ангелевска до Кондовски: Битолчани не сакаат менаџер за живот на рати

Мои битолчани, денес би сакале јавно да ви пренесеме една состојба која ја гледаме во битолската околина. Порака која ја кажуваат вредните земјоделци и скромни луѓе кои единствено бараат никој да не ги лаже бидејќи едноставно не го заслужуваат тоа, а особено не од човек кој живее од нивниот труд! Битолските земјоделци кои имаат полиси во една од фирмите на Христо Кондовски не сакаат да им се ислаќа премијата за претрпена штета на рати, изјави на денешната прес конференција, Жанета Ангелевска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за советник во советот на општина Битола.

Посочи дека тие не сакаат менаџер за живот на рати кој за себе ја наплаќа цела сума но на земјоделците им враќа на рати, со месеци и години, не сакаат нивната макотрпна работа да ја потценува човек кој во село оди единствено кога треба да им земе пари на земјоделците или пак за да се слика како гали крави.

Пораката за Христо Кондовски од битолските села е јасна и гласна:
Христо, доста е сликање со кравите по социјалните мрежи- сакаме да ни дадеш парите! Тоа се пари спечалени со пот, со наведната глава кон земјата но со гордост и честитост! Тоа се пари печалени со мака и труд а не пари за некој менаџер да дели проценти и да договара зделки! Тоа се пари спечалени со работа не со лажна пропаганда ! Пари за вистински живот на земјоделците а не за живот на рати“, додаде Ангелевска.