Литванија и Латвоија започнаа со градење ограда на границите со Белорусија за да ги спречат илегалните мигранти да влезат на теротиријата на Европската унија преку нејзините надворешни граници.
Литванија почнала да ја гради 508 километри долгата ограда. Валјаците со боликива жица се поставени на еден дел од границата во близина на местото Дрискининкаи, објави во стредата литванската влада.
Подготвителните работи, исто така, се во теко да другите делови од границата, додава. Завршувањето на градбата е планирано за 2022 година, а вкупната цена е проценета на 152 милиони евра.
Во соседната Латвоја, исто така, започнаа работите на градење на оградата на границата со Белорусија. Како краткорочно решение, на различни делови од градницата ќе бидат поставени повеќе од 37 киломери спирална бодликава жица.
Владите во Вилнус и во Рига ја обвинуваат Белорусија дека ги пропушта и им помага на бегалците од воените зони да дојдат донадворешните граници на ЕУ и така сака да создаде миграциска криза. Литванија, Латвија и Полска се борат со мигрантскиот бран од Блискиот исток кои ги минуваат нивните градници. Сите три земји прогласија вонредна состојба во граничните појаси.
Белорускиот претседател Александар Лукешенко на почетокот од јули се закани дека повеќе нема да запира голем број мигранти во Европската унија, како одговор на санкциите од Брисел против Белорусија за наводни спорни избори, насилно сузбивање на демонстрациите и затворање на опозициските активисти.
Минск сега ги обвинува трите земји за тортура и лошо постапување со мигрантите. Поради големиот прилив на мигрантите, Литванија од неодамна ги заостри правилата за барање азил и започна да гради ограда и ѕид по должината на границата со Белорусија. Истовремено, меѓу Литванците расте отпорот и нетрпението кон мигрантите. На почетокот од седмицата, жителите на неколку погранични градови протестираа против градењето сместувалишта за мигрантите. Беа блокирани локалните патишта а имаше и судири со полицијата, поради што министерството за внатрешни работи најави истрага за тие инциденти.