Со новите варијанти повеќе коронавируси во воздухот

EPA/ALEX PLAVEVSKI

Новите варијанти на коронавирусот SARS-CoV-2 кој ја предизвикува болеста Covid-19 би можеле сѐ повеќе да се шират преку воздухот, сугерира новото истражување објавено во списанието Clinical Infectious Diseases.

Нучниците откриле дека пациентите со алфа варијантата на коронавирусот, доминатен сој кој циркулирал во времето на спроведвуање на студијата, исфрлале 40 до 100 пати повече вирусот во воздухот отколку лицата кои биле заразени со изворната варијанта на коронавирусот.

Делумно тоа било последица од фактот дека пациентите заразени со алфа варијантата имале зголемено количество вуриси во носните брисеви и во плунката. Меѓутоа, количеството на издишан вирус било 18 пати повеќе отколку што можело да се објасни со поголемото вирусно оптоварување.

Научниците, исто така, откриле дека лабаво притегнатите маски на лицето кои ги носат пациентите со благ Covid-19 може да го намалат количеството вирусни честици во околниот воздух за околу 50 отсто.

„Знаеме дека делата варијантата којашто сега циркулира е уште позаразна од варијантата алфа. Нашето истражување покажува дека варијантите стануваат се подобро преносливи преку воздухот, па освен вакцинирањето мораме да обезбедниме и подобр вентилација и да носиме маски кои се стисната до лицето за да го спречиме ширењето на вирусот“, вели коавторот на студијата Дон Милтон од Колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Мериленд.