
Во австралиската метропола Мелбурн бројот заразени со коронавирусот достигна рекордно ниво во четвртокот, а лекарите тоа го припишуваат на нелегалните домашни собирања поради следење клучни спортски настани во текот на речиси двомесечниот „локдаун“.
Властите во австралиската сојузна држава Викторија, чиј најголем град е Мелбурн, проценуваат дека близи третина од новите зарази од вкупно 1.438 потврдени случаи, може да се поврзат со домашните собирања минатиот викенд, на кои се гледало големото финале во популарниот ткн австралиски фудбал.
„Многу од тие случаи можело целосно да се избегнат… Не се обидувам да обвинам никого, само се обидувам да објаснам, бидејќи многумина ќе се запрашаат: како можело тоа да оди толку брзо, толку далеку“, изјави државниот премиер Даниел Ендрјуз на прес-конференција.
Здравствените власти утврдиле дека бројката од четвртокот, што претставува скок од 50 отсто во однос на 950-те случаи во средата, претставува „голем застој“ во сузбивањето на епидемијата, додека брзаат со вакцинирањето на 5,5 милиони возрасна популација во оваа сојузна држава.
Половина во населението во Викторија повозрасно од 16 години ја примило првата доза од вакцините против коронавирусот, што е под австралискиот национален просек од 53 отсто, бидејќи властите по зголемувањето на резервите ги преполовиле интервалите за примање на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ во државните центри за вакцинирање на три седмици.