Казнети 205 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.

Од нив, 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.