
Продолжува недомаќинското работење во Општина Аеродром, обвинува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за оваа скопска општина, Тимчо Муцунски.
-Во пресрет на изборите беше распишан тендер за изградба на нова општинска зграда. Ви ветувам дека на ова место нема да се гради општинска зграда, туку ќе се изгради парк на површина од 5000м2 со Монтесори содржини. Грижата за животната средина и нашите деца е најважна! – напиша Муцунски на социјалните мрежи.