Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 23 отсто биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица, се вел во анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19 на Министерството за здравство
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
– Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид 19. Според статистиката за изминативе недели, 27.298 граѓани, односно 77 отсто од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема – покажува анализата.
Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1.162 лица со ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и на Џонсон.
Од Министерството велат дека секоја вакцина која ја имаат на располагање е безбедна и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.