Вонбрачната заедница во Уставот ќе се дефинира како и бракот, односно како заедница на маж и жена.
Ова го предвидуваат последните измени што ги предлага Владата на највисокиот правен акт во државата. Станува збор за дополнување во делот на членот за брак.
-Согласно постоечкиот закон за семејство вонбрачната заеденица е регулирана како заедница помеѓу маж и жена. Исто така со постоечкиот закон за семејство, вонбрачната заедница се дефинира, онаа вонбрачна заедница која што трае повеќе од една година при што се изнедначува со брачната заедница во поглед на меѓусебната издршка и стекнатиот имот во времето на траењето на вонбрачната заедница, истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Министерот додаде дека со уставните амандмани кои што се однесуваат на бракот и на регистрираната вонбрачна заедница, уставниот амандман се однесува на регистрираната вонбрачна заедница во Р. Македонија и се дефинира како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена.
-После усвојувањето на измените на Уставот ќе следат и соодветни измени на законот за семејство во кој што ќе се дефинираат начинот и постапката за регистрирање на вонбрачни заедници ви Р.М која што е дефинирана согласно предлог амандманот како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена, посочи Спасов.