
Откако партскиот лидер Зоран Заев неодамна на предизборниот митинг го покажа своето ново милениче на четири тркала вредно 100-ина илјади евра, и неговите социјалдемократски сопартијци се решија да ја покажат својата луксузна „ергела“.
Имено, на митингот на СДСМ во Велес, како што инфромираат граѓани, париските челници и владини функционери пристигнале со луксузни автомобили, а од фотографиите може да се забележи дека меѓу нив нови типови лимузини од брендовите „мерцедес“ и “ролс-ројс“.
Претходно седмицава, кога премиерот Заев на митинг пристигна со автомобилот БМВ од 100 илјади евра, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека народот трпи за леб додека власта се развозува со возила чијашто цена е незамислива за најголемиот дел од граѓаните.
„100.000 евра, колку што чини новото возило на Заев, се пари со кои можат да се купат 2 нови болнички возила за лекарите да не ни ги носат пациентите во раце по планини. 100.000 евра, се пари со кои може да се купи едно противпожарно возило за да не мора Јоцо Манго од Струмица да го вози Фапот стар над 40 години, а тие кои што го чекаат да се молат да заврне дожд и да го изгасне пожарот зошто возилото нема да дојде. Заев за 100.000 евра колку што платил за новиот автомобил можел да набави 5000 таблети за учениците, и со тоа ќе имало насмевка на чицата на 5.000 дечиња. 100.000 евра колку што чини возилот на Заев се над 250.000 броја леб“, реагираа од опозицијата