Триесет и тригодишниот М.И. доби кривична пријава поради сомнение дека во казино „Сенатор”, на Партизанска вербално ја нападнал вработената и ги искршил апаратите за игра на среќа и рулет масата.
Имено, тој почнал да тропа на влезната врата, на што му отворила вработената и при тоа пријавениот почнал грубо да ја навредува и почнал да ги крши апаратите за игра на среќа и рулет масата.
По настанот, припадници на Алфите го пронашле и привеле пријавениот. Тој и пртходно и бил познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.