Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред, се вели во реакцијата на скопските власти.
„Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.
Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат“, додаваат од Град Скопје.
Претходно во саботата портпароката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на прес-конференција презентираше документи информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кој проекти се избрани на јавен повик и финански и поддржани од Град Скопје и во кој, како што рече, јасно е наведено дека „проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието“.