Милевски: Откако сами признаа дека овие четири години згрешиле, покажаа дека не знаат да работат, сега го нудат менаџерот за живот на рати Христо Кондовски

Почитувани битолчани, сакам да упатам огромна благодарност, до сите кои беа дел од синоќешниот голем митинг на плоштадот Магнолија, со нашиот кандидат за градоначалник Тони Коњановски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сакам да го изразам задоволството од вашата одважност, храброста и решеноста Битола да зачекори напред! Доста е назадување, доста е манипулирање, истакна Пеце Милевски, носител на листата на кандидати за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија во општина Битола.

-Преку реализација на проекти, идеи, преку решавање на проблемите, но и планирање на иднината – Битола мора да биде развиена и да биде дом за сите граѓани.

Почитувани граѓани, како предводник на победничката советничка листа, се обврзувам дека Советот ќе биде првиот тим на градоначалникот, но и неговиот коректив, се обврзувам дека сите ние чесно, посветено и одговорно ќе работиме и ќе реализираме проекти кои и се неопходни на Битола, кои ќе го подобрат квалитетот на животот на секого од вас поединечно!

Откако сами признаа дека овие четири години згрешиле, признаа дека немаат ниту проекти, ниту план и визија, покажаа дека не знаат да работат, сега го нудат менаџерот за живот на рати – Христо Кондовски.

Сакам да порачам дека Битола, Битола не е приватна фирма, ниту робусна коцка или некаков тренинг полигон! Битола нема време за експерименти, кои најскапо ве чинат вас почитувани битолчани!

Оправдан е вашиот страв дека Христо Кондовски и неговото струмичко друштво ќе и се настрват на Општина Битола и ќе ја претворат во приватна фирма за склучување на зделки и богатење на нивните бизнис партнери на грбот и маката на битолчани! Тоа ние сите заедно нема да го дозволиме!

Битола е ваша почитувани граѓани, Битола е на битолчани и овој пат за тоа ЗАЕДНО ќе се избориме!