По сообраќајка во Сарај, пукано од мотоцикл во движење

Триесет итригодишниот Ф.Ф. од селото Грчец во 22,35 часот пријавил во близина на бензинска пумпа во селото Сарај, скопско по претходно случена сообраќајна несреќа помеѓу Ш.С. сопственик на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и Ф.И. сопственик на патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, поминале две лица со мотоцикл при што испукале еден куршум во воздух и се упатиле кон Сарај, информира МВР.

Според пријавеното како можен сторител е посочен З.Ш. од селото Крушопек.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.