Без победник на „Олд Трафорд“ и во Брајтон, победа на Челзи

Во последниот натпревар во саботата во рамките на седмити коло на англиската Премиер лига, Брајтон и Арсенал ремизираа без погододици.

Поголемиот дел од мечот Брајтон беше подобар, имапе поголем посед на топкта и повеќе шанси, но не успеа да реализира ниедна. Арсенал најблиску до погодок беше во првото полувреме кога Пјер-Емерик Обамејанг со глава шутираше кон домашниот гол но неуспшно.

По ова реми Арсенал е на деветтото место со 10 бодови, додека Брјтон е петти со 14 бодови.

Претходно во саботата Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ одигра 1:1 со Евертон. Поведен Јунајтед во 43 минута со голот на Антонит Марсиал на додавање на Бруно Фернандеш за кого ова беше 20-та асистенција во 58 лигашки настапи, а Португалецот постигна и 30 голови.

Евертон израмни преку Андрос Таунсенд во 65 минута. Гостите од Ливерпул можеа да направат пресврт во 85 минута, но погодокот на Јери Мина беше поништен поради офсајд, Том Дејвис беше в одлична позиција и можеше самиот да шутира, но несемично му додаде на Мина кон беше во ситен офсајд.

Ова бееше веќе деветтата последователен натпревар на „Олд Трафорд“ на кој Манчестер Јунајтед прима барем еден погодок, а подолга низа „Црвените ѓаволи“ имаа во 1971 година кога на 10 средби во низа примаа гол на својот стадион.

И Манчестер Јунајтед и Евертон сега имаат по 14 бодови, на третотро односно четвртото место, два зад сега водечкиот Челзи.

Челзи беше убедлив на својот терен и со 3:1 го победи Саутемптон и го презема привремено врвот пред Ливерпул кој има 14 бодови но со меч помаку, кој го игра во недела во дербито на колото на својот „Енфилд“ со Манчестер Сити. Саутемтон, пак, сѐ уште е без победа и е на 17-то место со само четири бодови.

Челзи поведе уште во 9 минута со голот на Тревог Чалобах, а гостите својата упорност ја крунисаа во 61 минута кога пенал реализираше Џејмс Вард-Проус. Но стрелецот беше крајно невнимателен и во 71 минута поради остар старт пред противничкиот гол доби директно исклучување. Бројната надмоќност на домашните ја реализираа со погодоци Тимо Вернер во 84 и Бен Чилвел во 89 минута.

Вулверхемтон со 2:1 пред своите навивачи го порази Њукасл. Двоен стрелец за домашните беше Хван Хее-чан во 20 и 58 минута, а гостите привремено израмнија во 41 минута преку Џег Хендрикс.ж

Вулверхемптон сега привремено до крајот на колото е на 11-то место со девет бодови а го загрозуваат со бод помалк и меч помалку Тотенхем и Лестер Сити. Њукасл е претпоследен 19-ти без победа и со три бода.

Барнли и Норич Сити ремизираа без голови. Домашните се 18-ти со три бода, а гостите го освоија првиот бод оваа сезона и се последни 20-ти.

Лидс Јунајтед со голот на Диего Љоренте во 18 минута на домашен терен го совлада Вотфорд. За Лидс ова беше првата лигашка победа сезонава и со шест бодови е 16-ти, а Вотфорд има бод повеќе и е 14-ти.

Во недела од 15 часот се играат дуелите Кристал Палас – Лестер Сити, Тотенхем – Астон Вила и Вест Хем – Брентфорд а во 17,30 часто почнува големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити.