Сончево со слаб ветер, температурите до 25-от степен

Времето во Македонија во неделата по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура  се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.