Малолетник го загуби животот во тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Малолетно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која рано утрото во неделата се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Сообрќајната На 03.10.2021 во 03,00 часот кај селото Ботун патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од селото Лешани, општина Дебарца излетало од патот.

Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Свети Еразмо“ за укажување лекарска помош, а неговиот 17-годишен сопатник од селото Мешеишта, исто така, општина Дебарца од здобиените повреди починал самото место, информира МВР.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.