Во дербито од седмото коло на англиското фудбалско првенство во неделата, Ливерпул и Манчестер Сити на „Енфилд“ одиграа без победник 2:2.
Сите четрити погодици беа постигнати во второто полвреме, а Сити иако имаше игра прв да го отвори резултатот, двапата мораше да го надоместува заостанувањето.
Она што напаѓачите на Сити не можеа да го реализираат во првиот дел, на спротивната страна го демонстрираше Садио Мане во 59 минута кој го доведе Ливерпул во водство, а најголемата работа ја заврши Мохамед Салах кој освои топка на својата половина, брзо мина по страна и правовремено го послужи стрелецот кој ја испрати топката покрај готинскиот голман Едерсон.
Актуелниот англиски шампион израмни во 70 минута, кога Габриеал Жезус го проигра Фил Фоден, а овој со прецизен и силен удаер го совлада домашниот голман Алисон.
Ливерпул повторно дојде во водство веќе во 76 минута, кога Салах виртуаозно успеа да најде простор меѓу неколку фостински играчи и со прецизен удар крај статива ја испрати топката во долниот десен агол. Но само неколку минути Луверпул ја имаше побеата. Во 81 минута одбраната на Ливерпул не успеа да ја расчисти ситуацијата пред својот гол, на одбиената топка натрча Кевин Де Брујне и шутираше од работ на шеснаесетникот. Топката кон голот го закачи Џоел Матип и заврши во мрежата. Ливерпул можеше и третпат да поведе во 87 минута, кога Фабињо од само три метра ја псрати топката кон небранетата мрежа, но од земја изникна Родр и спречи сигурен погодок.
Ливерпул сега со 15 бодови е втор на табелата со бод помаку од водечкиот Челзи, додека Манчестер Сити е на третата позиција и ја предводи групата од четири екипи со по 14 бодови во која се уште Манчестер Јунајтед, Евертон и Брајтон.
Во дуелот на лондонскиот Олимписки стадион, Вест Хем Јунајтед го во финишот го доживеа вториот лигашки пораз сезонава, а беше совладан со 1:2 од повретникот во Премиер лигата, тимот на Брентфорд.
Гостите дојдоа во водство во 20 минута преку Брајан Мбеумо, „Чеканите“ се понадеваа дека ќе го избегнат поразот кога во 80 минута израмни Џарод Боувен. Но Јоане Виса во четвртата минута од судиското продолжение го донесе триумфот за „Пчелите“.
Брентофрд со оваа победа го мина на табелата Вест Хем и има 12 бодови со кои е на седмото место, а Вест Хем остана на 11 бодови и падна на деветто место.
Лестер Сити на гостувањето кај Кристал Палас испушти водство од два гола и мораше да се задоволи само со бод.
Со двата брзо постигнати погодоци на Калечи Ихеначо во 31 и Џејми Варди во 37 минута, „Лисиците“ заминаа на полувреме со убава предност од 2:0. Но во вториот дел, Мајкл Олисе во 61 и Џефри Шлап во 72 минута му донесоа бод на Кристал Палас.
И по овој дуел денешните противници ги сменија позициите на табелата. Сега Лестер Сити со осум бодови е на 13-то место, а позиција подолу и со бод помалку е Кристал Палас.
Тотенхем на својот стадионо со 2:1 ја совлада Астон Вила. Стрелци за домашние беа Пјер-Емили Хојбјерг во 27 и автогол на Мат Таргет во 71 минута, а Астон Вила израмни во 67 минута преку Оли Воткинс.
Тотенхем се искачи на осмото место со 12 бодови, а Астон Била остана на 10 бодови и падна на десеттото место.