
Техничкиот директор на американскиот технолошки гигант „Facebook Inc“, Мајк Шрепфер, во понеделникот ноќта по македонско време ја соопшти причината поради којашто повеќе чесови корисниците не можат да пристапат до своите омилени апликации, а тоа според него се мрежни проблеми.
„Искрено извинување до сите погодени од прекинот на услугите на Facebook (…) тимот работи на поправањето и отстранувањето на грешките што е поскоро можно“, напиша Шрепфер на Twitter.
Од Facebook испратиле мал тим експерти во еден од своите центри за обработака на податоци во американската сојузна држава Калифорнија, за да се обиде рачно да ги рестартира серверите по повеќе од петчасовниот пад на мрежата, објави на Twitter Мајк Ајзак, новинар на The New York Times.
Во понеделникот беа пријавени големи нарушувања во работата на социјалните мрежи и платфори Facebook, Instagram и WhatsAp кои ги погодија милиони корисници ширум светот. Потоа, корисниците почнаа да пријавуваат проблеми и со други сервиси, меѓу кои и Telegram, Twitter, Google и TikTok.