Нобеловата награда за физика доделена за модел на климата на Земјата и проучување на физичките системи

EPA-EFE/Pontus Lundahl SWEDEN OUT SWEDEN OUT

Годинешната Нобелова награда за физика им е доделена на Шукуро Манабе и Клаус Хаселман за физичко моделирање на климата на Земјата, квантифицирање на варијациите и робусно предвидување на глобалното затоплување, како и на Џорџо Париси за откривање на начинот на кој нарушувањата и флуктуациите меѓусебно се поврзуваат во физичките системи на димензиите од атоми до планети, соопшти на својата веб-страница Нобеловиот комитет.

„Годинешната Нобелова награда за физика е доделена за проучувањето на хаотичните и очигледно случајни феномени. Шукуро Манабе и Клаус Хаселман ја поставија основата на нашето ознаење за климата на Земјата и како човештвото влијае врз неа. Џорџо Париси е награден за неговиот револуционерен придонес во теоријата за неуредените материјали и случајните процеси“, пишува Нобеловиот комитет.

Деведесетгодишниот Шукуро Манабе е јапонско-американски климатолог кој беше еден од првите кои го проучуваа глобалното затоплување и го создаде првиот модел на климата на Земјата.

„Тој покажа како зголеменото количетво јаглерод диоксид во атмосферата доведува до зголемување на температурата на површината на Земјата“, се наведува во образложемнието.
г
Клаус Хаселман е германски физичар и климатолог. Климатскиот модел што тој го создаде покаже како времето влијае на климата. Користејќи ги методите создадени од Хаселман, научниците докажаа дека зголемувањето на температурата на површината на Земјата е навистина поврзано со навлегувањето на поголемото количество на јаглерод диоксит во атмисферата.

Џорџо Париси е италијански теоретски физичар. Неговото истражување е во областа на комплексни системи, статистичка механика и теориаа во квантното поле. Благодарејќи на неговите откририја во областа на сложените системи, според Нобеловиот комитет „стана можно да се сфатат и објаснат различни фениомените не само во физиката, туку и во други области како математиката, биологијата, невронауката и машините за обуки“.

Минатата година наградата ја поделија Роџер Пенроус за откритието дека формирањето на црните дупки е сигурно предвивдвање на тероријата на општата релативност, како и Рајнхард Гензел и Андреа Гуез за откривање на суперсивен компактен објект во центарот на Млечниот пат.

Наградата за физика е второто годинешно признание објавено во седмицата на Нобел која почна во понеделникот со доделување на наградата за медицина и физологија на двајцата Американци, Давид Јулиус и Ардем Патапутјану за нивното октривање на рецепторите на кожата со кој нервниот систем ги чувствува температурата и допирот.

Нобеловата награда ја втемелил шведскиот изумувач на динамитот и претприемач Алфред Нобел и се доделува од 1901 година за извонредни постигнувња во науката, како и во книжевноста а подоцна и за напорите за постигнување мир. Наградата се состои покрај златен медал и плакета и од 10 милиони шведски круни, кои во моментов чинат малку помалку од милион евра.

Во среда ќе бидат објавени лауреатите или лауреатот во областа на хемијата, а во четврток за книженовст и во петок за мир, единственото признание кое се доделува во Осло. Наградата за економија ќе биде објавена во понеелник, со што завршува годинешниот циклус кој како и лани поради пандемијата на коронавирусот нема да има свеченост во Стокхолм туку наградените признанијата ќе ги добијат во своите земји.