ЕУ станува недостижен копнеж за Македонија?!

Сѐ поизвесно е дека ниту Македонија нема да добие датум за преговори во скоро време, како што може да се дознае на маргините на самотот Европска унија – западен Балкан, кој се одржува во словенчки Брдо крај Крња.

Според информациите од Словенија, првично како можен датум за отпочнување на преговорите за полноправно членство била споменувана 2030 година, како краен рок до кој земјите што се во статус на преговори со ЕУ треба официјално влезат во тој блок.. Меѓутоа, две влијателни земји членки на ЕУ реагирале почетокот на процесот да биде одложен на неодредено време а не до крајот на декадата, како што предлагала Словенија, која во моментов претседателствува со Унијата.

Унијата во посебна точка го наведува признавањето на напредокот на регионот, како и тоа дека го одржува развојот кој обезбедува капацитет за интегрирање нови членки.

„Ние дополнително ќе го интензивираме нашиот заеднички ангажман за да ја продолжиме политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, истовремено признавајќи го напредокот постигнат од западен Балкан. Исто така, потсетуваме на важноста што ЕУ може да го одржи и да го продлабочи сопствениот развој, обезбедувајќи го нејзиниот капацитет за интегрирање на нови членки“, се наведува во драфт верзијата на Декларацијат која на увид ја имале повеќе медиуми во регионот..

Песимизмот кај земјите од регионот трае подолго време, како поради внатрешните проблеми кај нив самите, така и поради проблемите со кои се среќава самата Унија. Сигналот беше даден минатата седмица, кога европски дипломатски извори за агенцијата Reuters брифираа дека застојот околу декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и западен Балкан е „новото дно“ во стратегијата на Брисел да ги внесе Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и БиХ во блокот.

Поради таквиот развој на ситуацијата со западен Балкан и неговите европски поерспективи, американскиот претседателот Џо Бајден вчера зборувал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и ѝ изразил поддршка на Унијата, како партнер на САД.

„Бајден ѝ нагласил на фон дер Лајен дека процесот на проширување на ЕУ треба да продолжи со земјите од западен Балкан и да ја опфати Македонија“, твиташе во вторникот американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс.

Меѓутоа, колку во прашање и да се нерешените прашања во ЕУ и нејзиното преструктурирање, јасно е дека и самите земји претенденти за членството во многу придонесуваат за таквиот однос на Брисел кој региотно. Кога станува збор за Македонија, која прва од регионот,м вклучително и пред некои сегашни членки – Хрватска, Бугарија и Романија, во 2001-та го отпочна првиот чекор за приклучување, стагнирањето во развојот на демократијата, како и на економски план, особено последните пет години, секако придонесува за недобивањето датум за преговорите.

„Очекувам недвосмислена поддршка и целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Но, она што мене морам да кажам ме загрижува е информацијата којашто од маргините ја добив, а тоа е дека на инсистирање на една земја членка на ЕУ да се фиксира прецизна дата која што би била краен рок за интегрирање на земјите членки, на земјите кои што се дел од западниот Балкан. Две земји членки, за жал, не прифатиле да биде тоа дел од заклучоците на утрешниот Самит на шефови и Влади на ЕУ посветен на западен Балкан. И со тоа практично се доведува во знак прашање јасната и недвосмислена европска перспектива на земјите од западен Балкан“, коментираше во вторникот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за вестите на Алфа телевизија.

Оцени дека датумот за почетокот на преговорите е „една голема лага, којшто изминативе 52 месеци оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев ни го прераскажуваат, а во суштина претставува обид да се одржат што е подолго можно на политичката сцена. И да продолжат нормално со криминалот и со сето она што македонските граѓани се сведоци изминативе 52 месеци“, појасни Мицкоски.