
Денеска не очекува променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.
Во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.
Стабилно и многу топло ќе биде в недела и понеделник.