На Камчев животот му е загрозен во притворските услови, оценува Фигл

Нема докази кои му се познати на Јордан Камчев или на неговата одбрана како суштински за случајот и за овој третман за неговиот притвор, кој од страна на Омбудсманот беше објективно критикуван како третман на тортура и е скандал, вели во итнервјуто за ТВ Сител, Јан Фигел, Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права кој за кусо време по вторпат престојува во Скопје во врска со третманот на осбвинетиот бизнисмен во случаите во случаите „Империја“ и „Плацевите на Водно“.

Фигел особено има заблешка незаконската, како што вели, одлука за притвор донесена врз белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

„Прво, доказот. Како започна? Бидејќи ако нешто започнува со обвинение од тајната служба, тоа е незаконски. Ова не е согласно законот. Не е доволно да имате шпиони или агенти некаде и истите да поднесат обвинение и да започне случајот. Тоа не е законски. Мора да има докази, објективни докази. А, тука нема. Нема докази кои му се познати на г-дин Камчев или на неговата одбрана како суштински за случајот и за овој третман. Неговиот притвор во центарот, кој од страна на Обдусманот беше објективно критикуван како третман на тортура е скандал. И во нормални услови ова не припаѓа на Европа, не велам дека припаѓа на Африка. Тортурата е против човечкото достоинство. Овој човек е осомничен и треба да се третира по принципите на презумпција на невиност. Сѐ додека судот не донесе одлука тој треба да се разгледува како невин. Доколку постојат некакви сомневања во постапката, случајот тој треба да биде третиран внимателно, надвор од лупата на јавноста“, вели Фигел.

Додава дека во случајот е инволвиран и обвинител кој е во спор со Камчев, во време на Специјалното јавно обвинителство, кое беше расформирано, односно настана демонтирање на институцијата, по скандалозниот случај со рекетирање и оти Камчев ѝ помогнал на земјата во име на транспарентност, владеење на правото и против корупција, против злоупотреба на позицијата.

„Според тоа постои сомневање дали обвинителот кој го води случајот не е пристрасен против г-дин Камчев врз основа на неодамнешната историја“, додава поранешниот европски функционер.

За Словакот најчувствителното прашање, а притоа, како што вели и не сака да зборувм за содржината на обвинението, туку за третманот, е што Камчев има срцеви проблеми и неговиот татко почина од срцев удар, што секако е предупредување дека овој човек може да почине.

„Сите можеме да починеме, но тој може да добие пофер третман и наместо затвор може да добие домашен притвор или да се брани од слобода, врз основа на гаранција која беше понудена двапати досега, во однос на штетата за која наводно се товари г-дин Камчев. Ги потенцирам овие прашања, бидејќи тие се важни не само за г-дин Камчев, туку и за сите притворенции и сите граѓани на оваа земја да бидат третирани согласно законот, без одложување, по потрага по правдата, а не обратно“, вели Фигел.

На прашањето дали побарал од Народниот правобранител, а имаше средба и со јавните обвинители, некакво постапување и дали го поставл прашањето зошто не постапувале досега кога веќе констатирале такво нешто, Фигле вели дека биле потврдени неговите забелешки и оценува дека разговорите со сите правосудни инстанци биле „отворени, професионални и констуктивни“.

„Се состанав со Васка Бајрамовска Мустафа во канцеларијата на Народниот правобранител и средбата беше многу конструктивна. Всушност таа и нејзиниот и тим беа многу активни во прикажувањето на овој случај како многу посебен, особено проблематичен; од нивната интервенција во март ќелијата во која се држи г-дин Камчев е затворена, тоа не е ќелија за луѓе во 21 век. Тоа се должеше на активноста на канцеларијата на Народниот правобранител кој, исто така, извести дека овој третман е нехуман и деградирачки затоа сум благодарен за овој фер, сериозен и реален третман. На луѓето им е потребна вистината, бидејќи вистината ослободува. И само вистината ќе и помогне на Македонија, да се подобри и да изгради европска иднина.

Потоа се состанав со двајца јавни обвинители, Вилма Русковска одговорна во јавното обивнитество за борбата против корупцијата и организираниот криминал, а потоа и со јавниот обвинител Љубомир Јовески. Разговорите беа мошне отворени, професионални и контруктивни. Јас се обидов да ги изнесам прашањата и сомневања кои што ги дознав во земјава, и да изразам мое лично пријателство кон оваа земја, која треба да продолжи понатаму, напред кон Европската унија, каде што критериумите за владеењето на правото и заштитата на човековите права се задолжителни“,

 

Вели дека е тоа почеток и оти има многу критериуми и реформи кои се потребни.

„Постојат аргументи, дали тие се легални или законски, треба да се знае кој за што е одговорен и кој може да одлучува. Се чини дека тие немаат доволно сознанија за ситуацијата во случајот со г-дин Камчев во однос на условите во затворот и неговиот медицински статус. Се надевам дека овој дијалог ќе резултира со дополнителни аргументи за фер третман, на пример домашен притвор. Можеби треба да се додаде дека тој е петто-осомничен, не прв, не втор, туку петти, а сите други се бранат од слобода, додека тој се држи во тежок притвор во Шутка.

Мислам дека овие луѓе и целиот систем имаат моќ да одлучуваат и да покажат фер однос кон сите, но треба да дејствуваат. Станува збор за преземање акција“, додава Фигел.

Вели дека морам да воспостави комуникација со министерот за правда Бојан Маричиќ кој изјави дека тој наводно дошол пред затворот и барал пристап, но тоа не е точно.

„Во петокот напишав писмо до судија од Кривичниот суд и во понеделникот, судијата ми одобри да дојдам и затоа дојдов во вторник, среда во затвротот, како што беше напишано и ветено. Потоа ми беше одбиен пристапот, па повторно овозможен. Значи јас не сум тој што крева „галама“ околу тоа, јас само барав фер третман и доколку денес не се случуваше самиотот во Љубљана за проширувањето на ЕУ и пристап на земјите од западен Балкан веројатно ќе се состанев и со премиерот Зоран Заев, бидејќи во петокот зборувавме за средба и посета овде во Скопје и тој беше подготвен да разговара.Зошто? Бидејќи ни е потребен дијалогот, потребна ни е една Еврпа, Европа за сите, Европа која се базира на владеење на правото за сите и човекови права за сите“, вели.

Фигел посочва дека тоа не е само неговиот совет, туку и негов придонес кон оваа Македонија.

„Денеска на мојот домаќин му кажав дека првпат ја посетив земјата во 1999 година, како европски официјален престаник во времето на кризата со Косово, кога доставував хуманитарна помош од Словачка за бегалците од камповите Стенковец 1 и Стенковец 2. Заедно со г-дин Борис Трајковски, кој беше државен секретар во Министерство за надворешни работи тука. Ние се познававме од тоа време и бевме пријатели со години, се додека не стана претседател и потоа ненадејно загина. Накратко, Македонија заслужува многу подобра иднина, наместо криза и пост-тоталитарни проблеми, но одговорот и иднината на Европа започнува со владеењето на правото за сите. И човечки права за сите, вклучувајќи го и г-дин Јордан Камчев“, заклучува Фигел.