Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен кумановецот кој кај себе чувал младенчиња од лав, откако реагираа здруженијата за заштита на животните, како и голем број граѓаните, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на луѓе со малите животни.
– На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик – велат од МВР за Плусинфо.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување.
Фото: Фејсбук