
Втор ден по ред, граѓани на Делчево реагираат дека поради неспособноста на градоначалникот и комуналното претпријатие, градот е оставен без вода за пиење.
Од вчера, цело Милково Брдо нема вода поради дефект, а граѓаните револтирано реагираат надлежните не успеваат и не се способни да го поправат дефектот повеќе од 24 часа.
Со цел да обезбедат неопходна вода за пиење, голем број граѓани се обидуваат да полнат шишиња на разни изворчиња и чешми ширум градот.
Соочени со недостатокот на вода за пиење, голем дел од делчевци се обидуваат да си намалат маката со иронични и хумористични коментари.