Унгарија предлага 10-годишен преоден пeриод пред воведувањето на глобалниот данок

Унгарија ќе го поддржи глобалниот договор за минималниот корпоративниот данок само доколку не штети на нејзините интереси и предлага десетгодишен преоден период пред неговото воведување, рече министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Угарија моментално има стапка на данок на добивката од 9 отсто, најниската во Европската унија, и владата ќе прифати само предлози кои нема да ја загрозат предноста на ниските даноци во рамките на настојувањата да се привлечат што поголеми вложувања и да се отворат што повеќе работни места, изјави Сојарто во соопштенито објавено во средата.

Владата, исто така, препорачала одредени исклучоци во предложениот глобален данок и покажа дека трошоците на трудот и вредноста на опремата која ја користат компаниите би можеле да се вклучат во неговото одредување, наведува шефот на унгарската дипломатија.

„Доколку другите земји ги прифатата, можен е компромис кој ќе овозможи воведување на глобалниот минимален данок и немеа да им наштети на унгарските интереси“, истакнува Сијарто.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер се осврана во средата на состанокот за Организација за економска соработка и развој (OECD) на предлогот на компаниите од пресметакта за глобалниот данок да им се изземат трошоците за работа и сопственоста во одредена земја. Тоа би барало компромис, рече францускиот министер.