Македонците од Голо Брдо, Албанија излегоа на протест против новата мапа за територијално-административна поделба на земјата и укажаа дека сакаат да бидат општина, пишува Дневник.
На протестот, одржан во село Големо Острени, учествувале жители од трите актуелни општини Острени, Требиште и Стеблево.
– Не сакаме да се припоиме кон ниту една од споменатите општини. Велат дека имаме ист дијалект и традиции, што не е точно. Нека има намалување на општините. Ние сакаме трите општини да бидат во една и да се вика Голо Брдо. Ако не се прифати нашето барање, нема да излеземе на ни едни избори да гласаме, а ќе реагираме и порадикално, се заканиле учесниците во протестот.