Саудиски конзорциум го купи Њукасл Јунајтед

Инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чиешто чело е Мохамед бин Салман стана нов сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Њујорк Јунајтед објавија клубот и водството на лигата.

Њукасл, кој 14 години беше во сопственост на Мајк Ешли, го купи конзорциомот кој го сочинуваат саудискиот инвестициски фонд, „PCP Capital Partners“, како и браќата Давид и Симон Реубен.

Досегашниот сопствени ја „Свраките“ го продал клубот за 305 ммилиони фунти, Саудијците сега ќе имаат 80 отсто од уделот, а Аманда Луиз Стејвели и нејзината компанија „PCP Capital Partners“, како и браќата Реубен ќе имаат по 10 отсто.

„По завршувањето на тестот на сопственикот и директорот од Премиер лигата, клубот е продаден на конзорциум со моменталниот ефект“, соопштија од Премиер лигата.

Конзорциумот кој го води саудискиот престолоналседник Мохамед бин Салман има капитал од 430 милијарди долари, со што Њукасл Јунајтед стана еден од најбогатитѕе фудбалски клубови на светот.

„Извонредно сме горди што станавме нови сопственици на Њукасл Јунајтед, еден од најпознатите клубови во англискиот фудбал“, изјави гувернерот на саудискиот фонд Јасил ал-Румајан.

Пред официјализирањето на преземањето на клубот, меѓународната организација за човекови права Amnesty International ја повика Премиер лигата да ги заостри критериумите според кои може да се купи клуб во Англија.

„Под Мохамед бин Салман, ситуацијата со човековите права во Саудиска Арабија и натаму е страшно. Активистките за ловековите права и шиитските активистки и натаму се вознемирувани и затворани, често по очгигледно неправичните судења. Наместо дозволување на луѓшето кои се вклучени во сериозно кршење на човековите права да влезат во англискиот фудбал само затоа што џебот им е полн“, изјави генереланиот директор на Amnesty UК, Саша Дешумк и ја повика Премиер лигата да ги промени критериумите за избор на сопственикот и директорот“ на своите клубови.

Саудискиот инвестицискиот фонд се обиде да го купи клубот во јули 2020 година, но Премиер лигата ја запре продажбата. Зделката пропадна бодејќи саудискиот фонд не пружи доволно докази дека немаат никви врски со саудиската влада. Сега, меѓутоа, успеа да пружат доволен доказ дека саудиската држава нема да го контролира клубот, а го минаа и тестот за сопственци и директори во Премиер лигата.

Проблем беше тоа што големиот пиратски пазар на преноси од натпреварите во англиските лиги цути во Саудиска Арабија. Имено, катарски „BeIN Sports“ е официјален сопственик на телевизиските права за Премиер лигата на целиот Блискиот исток, но нивните канали се забранети во Саудиска Арабија веќе четири години, а натпреварите се гледаат илегално на пиратските канали.

Светската трговска организација (СТО – WTO) во јуни издаде соопштение со кое ја обвини саудиската влада дека не направила ништо, туку ја поддржала националната телевизиска мрежа beoutQ којашто илегално ги емитувала преносите од натпреварите во англиската лига. Но правните спорови сега веќе се минато. Саудиската влада се обврза дека ќе ги затвори пиратските веб-страници кои се активни во земјата, со што ја отстрани послената пречка за постнување договор со Њукасл.

Премиер лигата, фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед и „St James Holdings Limited“ денека го решија спорот околу преземањето на клубот од страна на конзорциумот PIF, „PCP Capital Partners“ и „RB Sports&Media“, соопштија од лигата.

Њукасл Јунајтед е основан во 1892 година, а досега четири пати биле првак на Англија, но последен пат далечната 1927 година. Титулата во најстарото клупско натпреварување во светот ФА Купот на „Сент Џејмс Парк“ ја чекаат од 1955-та, а Лига купот никогаш не го освоиле. Моментално „Свраките“ се наоѓаат на последното 19-то место со само три освоиени бодови во првите седум кола. Тимот го води Стив Брус, но веќе започнаа нагаѓања кое големо тренерско име ќе го преземе.