Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави пред група новинари дека зад операцијата на истанбулското обвинителство и полиција, против корумпираните практики и примањето на мито, се гледа заговорот против Турција, а вистинската цел на овој заговор е лично тој, соопштуваат локалните медиуми.
„Го земаа на нишан мојот син, се навртеле околу него, сакаат да стигнат и до мене“, посочил уште турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од медиумите.