Челникот на американската компанија „Tesla Inc“. Илoн Масk, потврди дека произведувачот на електрични автомобили планира своето седиште да го пресели од Пало Алто во Силиконската долина во Калифорнија во друга американска сојузна држава Тексас, каде гради голем производствен комплекс за автомобили и батерии.
Со ваквиот потег, „Tesla Inc“ им се придружи на компаниите „Oracle“, „Hewlett Packard Enterprise“ и „Toyota Motor“ во селењето на корпоративните седишта во Тексас од Калифорнија, којашто има релативни високи даноци и животни трошоци. Иако Силиконската долина е позната како центар на развојот на новите идеи и компании, Тексас е позната по поевтината работна сила и помалку строгите регулативи.
„Возбуден сум што можам да најавам дека го селиме седиштето во Остин во Тексас. Не станува збор за тоа дека Tesla ја напушта Калифорнија“, изјави Маск на годишниот состанок на компанијата одржан во фабриката за автомобили во Тексас наведувајќи дека компанијата планира да го зголеми производството во фабрикитe во Калифонија и во Невада за 50 отсто.
Додаде дека во Фремонт, фабриката во Калифорнија е „пренатрупана“ и дека е тешко на луѓето им се осигураат домови таму.
Милијардерот Мас се пресели од Калифорнија во Тексас во декември минатата 2020 година, за да се фокусира на новата фабрика ис војата ракетна компанија „SpaceX“, којашто има локација за лансирања на југот од оваа сојузна држава.
Маск имаше нестабилни односи с окалифорниските власти во неколку наврати, заканувајќи се дека ќе го пресели седиштетот на „Tesla“ и идните програми во Раксас, во текот на спорот за затворањето на фабриката во Фремонт поради епидемијата на Covid-19.