Курц објави повлекување од канцеларската позиција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјаво во саботата вечерта дека ќе поднесе оставка од должноста во заднината на антикоруцпксата истрага која ја поведе обвинителството против него.

Станува збор за потег откако австрискиет обвинители го осомничија во случај за користње јавни средства за оплажање огласи во еден таблоид во замена за следње и фаворизирање во анкетите на неговата партија при што Курц порача дека „Поважна ми е мојата земја од мене“.

„Сега е неопходен стабилен однос. И за брзо да се резреши ќорсокакот, да се избегне хаосот и да се осигури стабилноста, сака, да се повлечам. Го замолив тимот на Народната партија да продолжи да работи. Како претседател на партијата, го предложив до сојузниот претседател Александр Шаленберг како нов шеф на владата“, рече Курц.

Шаленберг во моментов ја изршува должноста министер за надворешни работи.

Курц додаде дека носењето на ваквата одлука не била лесна за него. Истакна дека напуштајќи ја канцеларската должност, ќе остане претседател на партијата и лидер на нејзината пратеничка група во парламентот.

Во средата државното обвинителство за стопански криминал отвори иострага против Курц и уште деветмина неговои соработницо од кои неколку истакнати членови на партијата OVP. Тие се товара дека уште во 2017 година проневериле државни пари кои ги користеле за медиумски кампањи во полза на партијата. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата.

Против Курц се води и истрага против наводно лажно сведочење пред парламентарната комисија за расветлување на ткн Ибица скандал во кој во пролетта 2019 година падна и тогашната влада на Народната партија и на Слободарската партија. И за овој случај Курц ја отфрли вината.

Во вторник е планиран вонредно заседание на Навионалениот совет, долниот дом на австрискиот парламент, на кој требаше да се гласа за недоверба на канцеларот Курц.