
Парче од сценската декорација падна врз актер и смртоносно го згмечила во текот на операта „Садко“ во светски познатиот Баљшој театар во Москва.
Несреќата во којашто настрадал 37-годишнот Евгениј Кулеш, артисти од мимичкиот анасмбл, се случила во текот на промената на кулисите, потврди во саботата службата со односи со јавноста на Баљшој театарот.
„Претставата беше веднаш прекината, а публиката замочена да излезе од салата. Направен обид за реанимација, но не се успеа да се спаси актерот“, се додава во соопштението.
Истражниот комитет отворило веднаш истражна постапка, а од театарот истакнуваат дека ја укажуваат неопходната соработка.
Во операта „Садко“, актерот го тргал настрана престолот на сцената, а во тоа време требало да започне да се спушта сценографијата, а самиот артисти требало да оди нанапред кон публиката.
Некои гледачи рекле дека прво помислиле дека несреќата е дел од продукцијата, сѐ додека некој од сцената не извикал „Повикајте прза помош. Тука има крв!“