Кејн ја поддржува одлуката жена да биде именувана како главен судија на натпревар на Англија

Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, искажа поддршка за назначување жена за главен судија на англиската репрезентација синоќа на гостувањето во Андора.

Англија победи со 5:0 во квалификациски меч за Светското првенство 2022.

– Ова е првпат жена да и суди на Англија и ова треба да биде прво од многуте. Историјата се оствари и ние сме чекор поблиску до Светското првенство, напиша Кејн на Твитер.

Правдата на овој меч ја делеше Украинката Катерина Монзул. Асистенти беа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.