Уапсен Австриец на граничниот премин „Долно Блаце“ – за три часа требало да ја напушти Македонија, но задоцнил

На 09.10.2021 во 10.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, од страна на полициски службеници бил лишен од слобода В.Х.(36) од Р.Австрија, бидејќи при извршена пасошка контрола било утврдено дека во 07.30 часот остварил влез во државата на истиот граничен премин, при што потпишал „транзитна изјава за транзит до Граничниот премин Ќафасан“, според која бил должен во рок од три часа да ја напушти територијата на државата.

В.Х. не ја испочитувал потпишаната изјава, со што сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.