![evija poplavi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/evija-poplavi.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Северниот дел на грчкиот остров Евија, по катастрофалните пожари пред два месеци, сега се соочува со поплави предизвикани од невремето и силниот дожд, но и како последица од пожарите, а материјална штета претрпеа домови, дворови, продавници, плажи и патната мрежа, јави дописничката на МИА од Атина.
Невремето „Атина“ зафати повеќе делови на Грција, а најпогодена е северна Евија, каде што според грчките медиуми поплавени се стотина домови.
Заменик- префектот Јоргос Келаидитис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека во четири села сè е поплавено, две општини претрпеле голема материјална штета, а во прекин е сообраќајот на неколку локални патишта.