Пред Божик во баварските пиварници се работи под полна пареа. Тие произведуваат божикно пиво, кое според традиција мора да биде подготвено без вештачки додатоци и да отстои осум недели.
Дали во Алгој, Швабија, Франконија или, пак, во Долна Баварија – исто е во сите региони на автономната покраина. Во декември има околу 500 различни божиќни, адвентски, празнични или зимски пива.
„Едни велат дека ова доаѓа од Норвешка, бидејќи Викинзите уште тогаш за рамноденица правеле специјално пиво. И кај нас е така, бидејќи секој прави нешто посебно на Божиќ – пекарите, месарите, а секако и пиварите“, вели експертот за пиво Клаус Артман за „Дојле Веле“.
Кој мисли дека Дедо Мраз става цимет, портокали и други состојки во баварското пиво, тој е во заблуда! Бидејќи тоа во Баварија е строго забрането. Не се ставаат вештачки состојки, туку само хмељ, квасец, вода и слад. Тоа се вари уште во септември, бидејќи пивото мора да отстои осум недели.
„Традиционално ги произведуваме нашите божикни пива со различни сорти на слад и хмељ. Нив ги употребуваме веќе долго време. За да има малку повеќе вкус користиме карамелизиран слад, што на пивото му дава малку слаткаста нота. Притоа имаме и хмељ од сортата Тентанг-Тентанг, која е една стара земјоделска сорта. Рецептот и натаму е ист и е стар повеќе децении. Ако, на пример, ги погледнете нашите етикети, тие се рачно нацртани од страна на прадедото на нашиот шеф“, објаснува Франц Амбергер, од пиварницата „Флетцинген Број“.
Секое божикно пиво си има свој сопствен изглед. И секое пиво секако дека има поинаков вкус, во зависност од тоа дали се работи за светло пиво или, пак, за црно пиво.
„Ова е малку потемно од нормалните светли пива. Бидејќи произведувачот на пивото размислувал да употреби посебен слад, односно малку повеќе слад, па така и ова е празнично пиво, кое има малку повеќе алкохол, односно меѓу 5,2 и 6 проценти. Кога се пие веднаш се забележува дека благиот слад се хармонизира со фината горчина на хмељот“, објаснува експерот за пиво Клаус Артман.