„Тито, Насер и Нехру ни се татковци“ рекоа учесници на Неврзаните во Белград кои по 60 години го свртеа светското внимание

Тито, Насер и Нехру се нашите татковци“, рече Марикуз Евуна Андеме од Екваторијална Гвинеја на самитот на Неврзаните во Белград кој по 60 години го разбуди окото на светската јавност.

Андеме е само една од дипломатите што учествуваа на самитот на движењето чии основачи беа Јосип Броз Тито, водач на социјалистичка Југославија, Гамал Абдел Насер, претседател на Египет и Џавахарлал Нехру, тогашен премиер на Индија, пишува Би-Би-Си.

Во екот на Студената војна и заострените односи меѓу Москва и Вашингтон, лидерите на државите кои сакаа да останат надвор од блоковите се собраа во југословенската престолнина. Во тоа време, во Белград се одржа првата конференција на Движењето на неврзаните.

– Се сеќаваме на овие тројца лидери, иако поминаа 60 години. Тие ја бранеа нашата слобода и независност од секого – изјави Ахмад Алсати од Бахреин за Би-Би-Си. – Многу сме горди.

Неврзаните заедно ќе се борат со финансиската криза, но и со коронавирусот

Коронавирусот, недостапноста на вакцините се проблем за малите земји во глобалниот свет.

– Пандемијата на коронавирусот не претставува само здравствена, туку и економска и финансиска криза, што укажа на постоење голема нееднаквост меѓу земјите, рече аргентинскиот заменик-министер за надворешни работи, Пабло Тетаманти, во Белград денеска, на собирот организиран по повод 60-тиот годишнина од Движењето на неврзаните, пишува Данас.

– За доброто на целото човештво, неопходно е да се почитуваат човековите права при дистрибуцијата на вакцини. Мора да работиме на зајакнување на солидарноста, бидејќи тоа е одговор на глобалните предизвици – рече Тетаманти.

Малите земји да добиваат вакцини на време 

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Сингапур, Мухамед Шахрул Икрам, рече дека многу земји во развој не успеале да најдат соодветно решение во пресрет на пандемијата.

– Мора да работиме да ги направиме вакцините достапни и за помалите земји – изјави Икрам.

Иранскиот заменик – министер за надворешни работи Махди Сафари оцени дека пандемијата е еден од најголемите предизвици со кои се соочи светот, за што е потребен заеднички одговор, вклучително и еднаков пристап до вакцините.

– Неврзаните земји треба да ја одредат вистинската стратегија за соочување со глобалните предизвици – рече Сафари.

фото: Принтскрин/Јутјуб

Да се почитува суверенитетот и територијата на Неврзаните

За многу од дипломатите битно е меѓународното право, но и договорот меѓу земјите во светот, а тоа ја вклучува и неповредливоста на границите.

– Почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји е обврска, во која Меѓународниот суд на правдата во Хаг има клучна улога на глобално ниво – изјави денеска министерот за труд на Гвајана, Џозеф Хамилтон, во Белград, во текот на вториот ден од собирот посветена на 60-годишнината од Движењето на неврзаните.

Хамилтон рече дека Движењето на неврзаните опстанало и покрај тешкотиите со кои се соочува светот.

– Има несогласувања, но важно е да работиме за да изградиме разбирање меѓу нациите ширум светот, рече Хамилтон, тврдејќи дека нееднаквоста во пристапот до вакцините против коронавирус го доведува во прашање успехот на пандемијата.

Неврзаните се поврзани повеќе од кога било

Според Хамилтон, Неврзаните мораат да покажат дека се силни, според Ахмед Калил од Малдивите, вчерашниот самит бил доказ за тоа.

– Солидарноста е од суштинско значење за Движењето на неврзаните, кое треба да продолжи да покажува дека е способно да се соочи со предизвици – рече Хамилтон.

Државниот министер за надворешни работи на Малдиви, Ахмед Калил, оцени дека собирот во Белград е показател за силата на Движењето на неврзаните, како основа за соработка помеѓу земјите во развој.

– Ние сме повеќе меѓусебно поврзани од кога било, благодарение на силниот мултилатерален пристап. Треба да бидеме обединети и солидарни, за да ги надминеме пречките на патот на развојот – рече Калил.

Кина ги поддржува Неврзаните

Кинескиот амбасадор во Белград, Чен Бо, изјави дека Движењето на неврзаните е незапирлива сила во меѓународните односи.

– Важно е земјите во развој да останат независни – рече Бо, истакнувајќи дека Пекинг ги поддржува неврзаните земји и е подготвен да ја продолжи соработката со нив.

Сите земји се еднакви и дијалогот треба да го замени конфронтацијата – рече Чен Бо.