На човештвото му предвидоа две страшни светски војни

Растечкиот конфликт и конкуренција меѓу Соединетите држави и Кина може да го доведе светот до Трета и Четврта светска војна, смета и предупредува Роберт Фарли, колумнист на американското интернет издание 19Fortyfive.

„Конфротнацијата меѓу Вашингтон и Пекинг најверојатно нема да заврши со решавачки судир, туку ќе доведе до низа вооружени кмапањи во поширокиот контекст на трговијата и соработката“, пишува Фарли според кого војните повеќе не се решавачките самите посебе, туку секој вооружен конфликт е чекор за подобрува на позицијата на одредена дрќава за следниот судар.

Давајќи кус историски приказ како поткрепа на изесената теза, Фарли вели дека во ситуацијата со Кина и САД е поинаква затоа што двете земји имаат остри идеолошки разлику, но ниту во Пекинг ниту во Вашингтон не го ставаат фокусот на идејата дека може да го поразат противникот. Оттаму, тој смета дека иако двете страни може да нанесат сериозни загуби кај воружените сили на противникот, но веријатно нема да предизвика уништување на индустриските и економски основи на непријателската воена моќ, зашто одредени сегменти од вооружувањето побрзо се обновува од другите.

Според него, двете големи држави може да завојуваат поради Тајван, кој Пекинг го смета за одметната покраина интегрален дел од кинеската тероторија и ветува негово враќање во составот на матицата додека Вашингтон со децении воено и финансиски го поддржува. И доколку американските сили успеат да ја одржат надмоќата и контролата над Народносолобиделната армија на Кина, тоа нема да го принуди Пекинг да се откаже од својата идеја за обединување со островот, смета Фарли.

Кина би склучила привремено примирје со САД, а потоа повторно би нанела удат за присоединување на спортниот регион, додава авторот.

„Дури и доколку Кина победи во конфронтацијата околу Тајван, тоа нема да ги искорени фундаменталните протвречности со САД. Иако е тешко да се предвиди реакцијата на азиските држави на (евентуален) успех на кинеската армија, може да се претпостави дека потоа, замјите како Виетнам, Јапонија и Јужна Кореја ќе се стремат за уште поблизок сојуза со Вашингтон. А тоа би создало предуслови за уште еден конфликт“, се наведува уште во написот.

Секој вооружен конфликт во западниот дел на Пацификот ќе претставува катастрофа и ќе доведе до разорување на инфраструктурата, финансиските и трговски врски кио се развија меѓу Азија и Северна Америка, потсетува Фарли.

Колумнистот кој е виш предавач на колеџот Патерсон при Универзитетот во Кентаки, сепак, изразува надеж дека човештвото ќе може да го избегне ваквото катастрофично сценарио.