
Еден човек што сака, може да направи повеќе од илјада што мораат, вели кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојкоски, кој денеска повторно оствари средба со ѓорчептеровци.
-Томе е ентузијаст кој со скромни средства и помош од добри пријатели успеа да подигне илјадници садници на Гинко Билоба, лековито дрво, садници со кои ги подарува и ја зазеленува општината Ѓорче Петров. Замислете само кога овој човек би добил поддршка и овој негов проект би се станал проект на заедницата, во кој ќе се вклучат сите основни училишта и заинтересирани жители на општината. Ѓорче Петров ќе биде белите дробови на Скопје. Се обврзувам Ѓорче Петров да биде позелена и почиста општина со мад 20.000 м2 нови зелени површини, парк во секое маало и реконструкција на централниот парк, порача Стојкоски.