Меркел: Европа е силна само толку колку што е обединета

Европа може да се бори против подемот на Кина само до тој степен колку што е единствена во своите ставови, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, повикувајќи на поголемо единство на целиот континент.

Како ќе се справиме со подемот на Кина како економска, политичка и воена сила во голема мера ќе зависи од тоа колку Европа навистина е единствена во своите ставови, рече Меркел во Шпанија, по добивањето на наградата „Карлос Петти“.

-Европа е силна само толку колку што е обединета – истакна Меркел.