
Протестни собири започна во петокот попладнето во градовите ширум Италија, кога на сила стапи законот според кој секој вработен мора да има „зелен пасош“ со доказ дека е вакциниран, оздравен или негативно тестиран на Covid-19.
Новата мерка, со којашто се опфатени повеќе од 23 милиони вработени во италијанскиот приватен или приватен сектор, е пречекана со контроверзии и предизвика отпор меѓу Италијанците. Критичарите наведуваат дека мерката претставува удар врз индивидуалните слободи, а заговорниците за неа тврдат дека мерката овозможува натамошно ублажување на мерките против епидемијата на коронавирусот.
Како што и се очекуваше, и во текот на денот имаше протести, па така спроед медиумските извештаи стотици вработени штрајкувале во важните италијански пристаништа Траст и Џенова. Штрајкувачите се обидувале да ги блокираат влезовите во пристаништата, но немало поголеми нарушувања.
Во неколку други италијански градови, исто така, имало протести. Демонстрантите во повеќе нарати се обиделе да ги блокираат патните правци и плоштадите и да го запрат сообраќајот. Полицијата во повеќето случаи брзо успеала да ги растера таквите собири. Други собири се планирани за подоцна во петокот, вклучително и во Рим.
Полицијата пред една седмица уапси 12 луѓе, меѓу нив и двајца лидери на крајна десна партија, откако протестите против споменатата мерка се претворија во судир со полицијата.
Според мерката, кино-салите, театрите и концертните слаи ќе може да работат со полн капацитет, доколку суте посетители ја имаат ткн „зелената пропусница“.
„За компаниите и вработените зелената пропусница ја зголемува безбедноста на работното место и го гарантира производството“, изјави за германската новинска агенција DPA, потпретседателот на здружението на работодавачите Confindustria.
Компаните, доколку сите нивни работнии немаат зелена пропусница, може да бидат казнети со глоба до илјада евра. Зелената пропусница претходно веќе беше воведена во неколку други сектори во Италија, во прв ред образовниот и здравствениот.
Вкупно 85 отсто од Италијанците повозрасни од 12 години примиле барем една доза од вакцините против Covid-19.