
Штабот за вонредни ситуации во Пожаревац, поради проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд, донесе одлука за прогласување на вонредна состојба на дел од територијата на градот и околните села.
Поради обилните врнежи проблеми се предизвикани во сообраќајот, јавните установи и фирми, како и во индивидуалните објекти.
Голема количина на вода тече низ улиците на градот, граѓаните од своите подруми и дворови ја испумпуваат водата. Дождот во Пожаревац непрестајно паѓа повеќе од 14 часа.
Според шефот на пожарникарско-спасувачката единица Бојан Митиќ загрозен си Вишиот суд, Здравствениот дом и Централната аптека.
Сообраќајот во градот се одвива отежнато, а во некои улици нивото на задржна вода е од 15 до 20 сантиметри. Во самиот центар на градот поплавени се 4 трафостаници. Екипите работат на испимпување на водата од нив, по што се очекува електричната енергија повторно да биде вклучена.
Граѓаните се повикуваат да не излегуваат доколку немаат потреба и редовно да ги следат наредбите согласно дадени упатства.