
Новинарите на порталот Инфомакс ноќта кон неделата во повеќе градови го следат почитувањето на почетокот на изборниот мок, при што регистрираа агитирање и обиди за поткуп, а притоа известуваат и дека се попречувани од полицијата/
Александар Митовски од Охрид известува дека кратко по започнувањето на изборниот молк биле забележани незаконски агитации како и поткуп. Полициското присуство, како што информира Митовски, е незначително.
Поткyп, како што информира Инфомакс е забележан и во Велес, велешката полиција ја лагитимирала екипата, како што се случи и во Прилеп, кога нивната новинарска екипа е приведена и легитимирана откако бележејќи активности во партиски штаб во законски недозволениот период биле малтретирани од лицата во просторијата, очигледно активисти на една политичка партија.
Од Битола известува Борислав Стоилкович дека кратко по започнувањето на изборниот молк биле забележани незаконски поткуп и прекршување на изборниот молк. Според репортерот од теренот, „забележани се неколку ситуации на незаконски поткуп и незаконска агитација за изборите во неколку маала во Битола“.