Првиот случај на истовремена зараза со делта и му варијантата регистриран во Мексико

Првиот случај во светот кога пациент истовремено е заразен и со делта и со му варијантата на коронавирусот е потврден во централната мексиканска сојузна држава Идалго, соопшти на својот Twitter профил во саботата, гувернерот на административниот округ Омах Фајад.

Секретаријатот за здравство на државата Идалго потврди дека во државата на делта и на му варијантата.

„Врз основа на спроведените амализи (…) двете варијанти беа откриени кај еден пациент, што досега е незабележан случај во Мексико“, напиша Фајад.

Кон крајот на август Светската здравствена организација (СЗО – WHO), го додаде сојот на коронавирусот означен како B.1.621 откирен во јануари во Колумбија на својата листа за следење како „варијанта која предизвикува интерес“ (VOI). Според податоците кои ги објави СЗО, варијантата е означена со буквата од грчката алфабета „му“, ио се рангира заедно со претходно потврдените соеви во оваа категорија именувани како „ета“, „јота“, „капа“ и „ламбда“.

Соевите од групата VOI, како што објаснуваат од СЗО, се варијанти на коронавирусот SARS-COVp-2 кои имаат „генетски промени коишто според предвидувањата или како што е веќе познатои, влијаат врз карактеристиките на вирусот како што се заразноста, тежината на тејот на болеста, како и способноста да се избегне дејството на имунолошкиот систем и да се избегне дијагностицирањето и терапијата“.

Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.