
Фудбалерите на Реал Сосиедат го преземаа во саботата привремено врвот на Примера откако среќно во рамките на деветтото коло дома минимално ја совладаа Мајорка.
Победничкиот погодок го постигна Хулен Лобете во 90 минита, но успехот на тимот од Сан Себастијан е значаен бидејќи беше извојувана победа иако целото второ полувреме игреаше со играч помалку. Во последната минута од првиот дел беше исклучен Аихен Муњоз.
Реал Сосиедад води со 20 бодови, а натпревар помалку и по 17 бодови имаат мадридските клубови Атлетико и Реал. Мајорка остана на 11 бодови и моментално на 12-то место.
Во првиот саботен натпревар 18-то пласираното Леванте и „фенерџијата“ Хетафе играа без голови, и оваа е само вториот освоен бод сезонава за тимот кој доаѓа од предградието на Мадрид.