Партијата на Курти не освои ниту еден градоначалник на локалните избори во Косово

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти не освои ниту една општина во првиот круг, на вчерашните локални избори во Косово.

Сепак, се надеваат дека ќе се натпреваруваат во 12 општини во вториот круг, вклучително и во Приштина.

Прелиминарните резултати на општинските избори во Косово покажуваат дека во 17 општини во првиот круг избрале градоначалници.

Српската листа, победи за доби градоначалници во девет од 10 општини со мнозинство Срби во северниот дел на земјата.

Демократската партија на Косово победи во четири општини, Алијансата за иднината на Косово во две, и Демократската лига на Косово исто така во две општини.