Кина го негира извештајот за тестирање хиперсонична ракета

Кина во јули годинава тестирала вселенско летало а не хуперсонична ракета со никлеарна боева глава како што објави весникот The Financial Times, соопшти во понеделникот кинеското министерсто за надворешни работи.

Цитирајќи пет лица наводно запознаени со темата, The Financial Times во саботата објав дека Кина тестирала хиперсонична ракета со нуклеарни способности којашто летала во космосот, кружеле околу светот пред да слета кон својата цел која ја промашила за околу 32 километри. Весникот објави дека овој подгвиг ги „изненадил американските разузнавачки агенции“.

„Тоа не беше ракета, туку вселенско летало“, изјави портпаролот на кинеската дипломатија Жао Лиџијан на редовниот брифинф за новинарите во Пекинг, додавајќи дека станува збор за „рутински тест“ со цел да се испита тегнологијата за повторно користење на вселенското летало.

Министеството за надворешни работи притоа соопшти дека тестирањето било спроведено во јули, а не во август како што пренесе The Financial Times.

САД со големо внимание ја следата кинеската програма за воена модернизација за да ги проценат можните ризици кои претеставува нивниот конкурент како најголема светска економија. Се сметало дека споменатото лансирање е доказ дека кинеската армија е далеку понапредна во својота програма за развој на хиперсоничнмо вооружување отоколку што американските разузнавачи претходно претпоставувале.

Хиперсоничното оружје е тешко да се пресретне, поради бризната што ја достигнуваат овие проектили пет до девет пати поголема од брзината на звукот. Западните воени стручњаци вниманието го насочуваат на напредната руска нова генерација ваков вид вооружување, имајќи предвид дека комбинацијата од брзина, маневриање и надморската височкина го отежнува нивното радарско следење и пресретнување.

Засега само Русија ги демонстрираше своите хиперсонични ракети, додека САД најмалку две години работат на нивниот развој и се во фаза на тестирања. Северна Кореја, исто така, соопши во септември годинава дека тестирала хиперсонична ракета.

Американскиот конгресмен Мајк Галахер во врска со споменатиот извештај во The Financial Times го смета за повик тревога и предупредува дека САД во спротивни би можеле во рок од десет години да ја загубат новата Студена војна со комунистичка Кина.