17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Ристески: Оваа победа покажа дека е време за промени во Македонски Брод

Вчера граѓаните на Македонски Брод ја донесоа големата победа, за водство во првиот круг. Оваа победа покажа дека е време за промени во Македонски Брод. Се покажа дека на граѓаните на Македонски Брод им е преку глава од политичари кои ветуваат, а не остваруваат, стои во Фејсбук објавата на Жарко Ристески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Македонски Брод.

Тој изрази голема благодарност до сите кои ја подржаа неговата визијата да го направат Македонски Брод поубаво и подостоинствено место за живеење за идните генерации.

– Затоа заедно ќе го направиме Македонски Брод убаво и модерно катче, каде место ќе има за секого. Денес е нов почеток на следниот круг на избори. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни и сакате промени, затоа што само така можеме да ја дозавршиме работата која што ја почнавме и уште во Ноември да се зафатиме со работа, со цел реализација на програмата со многу проекти со цел заеднички победи за Македонски Брод, пишува Ристески.