
Десет од дваесеетое бродови кои учествуваа во заедничките поморски маневри на руската и кинеската воена моранрица пловеле во понеделникот низ теснецот кој ги раздвојува главниот јапонски остров и неговиот северен остров Хокаидо, потврди во вторникот јапонската влада, додавајќи дека јапонските сили за самоодбрана внимателнот ги следи таквите активности.
Ова е првпат Јапонија да потврдрува информација за пловидба на бродовите на кинеската или руската моранрица низ теснициот Цугуру кој го раздвојува Јапонското Море од Тихиот Океан.
Иако теснецот спаѓа во меѓународни води, односите меѓу Јапонија и Кина одамна ги подјадува спорот во чиј центар е групата островчиња Сенкаку, во Источнокинеското Море кои јапонската држава го откупи од семејство во чија сопственост беа до пред помалку од десет години, а на кои право полага Пекинг. Територијален спор има и меѓу Русија и Јапонија околу Курилските острови, кои се воен плен на некогашниот СССР по Втората светска војна, при што Москва на Токио му порачува дека ќе ги врати кога и САД ќе го вратат островот Гуам на кој е големата американска паифичка воздхопловно-поморска база.
„Владата внимателно ги следи активностите на бродовите на кинеската и на руската морнарица во областа близу Јапонија како што е оваа. И натаму ќе бидеме максимално ангажирани кога станува збор за надзорните активности во водите и во воздушниот простор околу Јапонија“, изјави заменикот на генералниот секратар на владиониот кабинет Јпошихико Исозаки на редовната прес-конференција во вторникот.
Портпаролот на јапонското министерство за одбрана изјаи дека не станува збор за влегување на бродовите во јапонските територијални води и дека со минувањето низ теснецот пловилата не ги нарушиле меѓународните прописи.
Русија и Кина од 14-ти до 17-ти октомври одржуваа заеднички поморски вежби во Јапонското Море во рамките на поморската соработка меѓу двете земји. Во вежбите учествуваа воени бродови и бродови за поддршка од руската Пацифичка флота. Москва и Пекинг последните неколку години ги засилија меѓусбените дипломатски врски и потесно соработуваат во воената и вселенската индустрија, имајќи го предвид периодот на влошувањата на односите со земјите на Западот.